1. Денеска во македонскиот името на овој град се јавува во две изговорни варијанти: Битоља и Битола. Првата е позната во говори што уште го чуваат старото меко л (со „полумек” изговор), меѓу нив и во самиот битолски говор. Втората им е својствена на централните
говори во кои старото меко л затврднало (прилепскиот, велешкиот).
Во ново време таа се шири преку службената употреба. Уште една варијанта на ова име е Битољ во српскохрватскиот. Кај Грците пак тоа е осмислено како множинска форма: та Битолиа.
2. Меѓутоа, пообично е во грчкиот за овој град името Moнастир примено и од Турците (Monastir) и Албанците (Manastir). Во XVII в. Хари Калфа бележи интересна контаминација на двете имиња: Тола Монастир (но и: Бетоља?).
3. Името Битола го привлекло вниманието на повеќе етимолози. Искажани се две мислења:
а) дека во него треба да се бара една постара трачко-илирска основа, и
б) дека е тоа име од словенско потекло.
4. По неуспешниот обид на Хан да го сврзе ова име со алб. vito,
vitoja „гулаб”, ја истакнува Фасмер хипотезата, тргајќи од византиската форма Боутелас, дека тоа може да се смета како илирско или трачко и да се зближува со литовското бутас ,,куќа” и старопруското бутан „куќа”. Притоа тој ја има предвид и сличноста по значење со подоцнежното Монастири.
5. Асоцијацијата по значење и гласовната сличност послужи,
меѓутоа, и за обосновување на гледиштето дека се работи за име од словенско потекло, кое веќе Стојан Новаковиќ го сврзуваше со ст.сл. Обитељ „манастир”. Подржувајќи ја таа претпоставка, Вајан сметаше дека губењето на почетното о во тој збор може лесно да се објасни со преразложување во предлошкиот состав: В Обитоли > Во Битоли. Поголема тешкотија за објаснување тој гледаше во завршокот -olj за ст. сл. -cli којшто се обиде да го изведе од еден посреден стадиум Bitъli. Мислењето на Фасмер тој го отфрли меѓу другото и поради
тоа што сферата кон која припаѓа литовското butas e généralement
considerée comme septentrionale (baltqiue, germanique, celtique), et nullement comme illyrienne ou balkanique”.
6. Најотстоен осврт на целото прашање направи Ст.Романски,
којшто исто така го застапуваше гледиштето дека треба да се поаѓа од Oбитељ. За него беше поприемливо објаснението, дадено порано од Илјински дека почетното О се загубило по пат на декомпозиција, како на пример во Ряхово, Рахово од Оряхово, Ряховица од Оряховица и др. Како и Илјински, тој ја смета замената на суфиксот -ѣль со -оль како наспрема објаснението што го предлагаше Вајан. Тој обрна внимание и на крајното -а во името, сметајќи дека „при замяната на суф. -ѣль с -оль, вследствие на чувството за рода на първата форма (имената на -ѣль са от ж. р.), е била предпочетена формата за ж. р. на новия суфикс -оля: Бишоля”.
7. Материјалот од различни историски извори од Средниот век, во кои се споменува името на овој град, ни се претставува вака. Во византиските извори имаме: хуі тди ёкісхосоv Bourthso cis ту ПєЛа:үovtay (1 грамота на Василиј II од 1019 г.) т.бvaz портолсо, та ѓу
Воотелі, роѕtsiz. той Гаррі (Скилица-Кедрин, XI в.), Bovт€Лus Грамота на Михаил Палеолог од 1212 г.). Под форма Butella или Воtella се среќава ова име во латински извори од XI—XII в. (како Butella го бележи Вилхелм Тирски којшто самиот одел таму во 1168 г. како пратеник на ерусалимскиот крал крстоносец Амалрих). Во петте познати полни преписи на „Географијата” на арапскиот научник и патеписец Идриси (XII век) името на овој град е забележено како Tutili,
што секако стои по грешка на препишувачите место Butili. Идриси споменува дека тоа бил „убав, великолепен и пријатен град”. Задржувајќи се на словенските записи, Романски со право го истакнува фактот
дека во некои од нив, иако се тие од покасно време, името на Битола е забележено со ы: Бытола и сл. Интересно е дека Романски овде допушта и за старословенскиот период асоцијација со коренот на глаголот въти: „Много е възможно, не само писмовно, но и звукозо в старобългарско време още, особено след изчезването на префикса О, това име, вследствие на народно осмисляне с оглед към глагола быши да е добило форма *Бълтѣль, чието коренно и лесно е могло да бъде схванато и предадено на гръцки като оv (лат. и), срв. новогр. харобта. = старобълг.коръlio и под.
8. Како што ќе видиме веднаші, Романски бил воден овде од една правилна интуиција. Кон записите што ги цитира тој, може да се приклучи како постар оној од Болонскиот псалтир, во кој се кажува дека книгата била купена „срѣдѣ града вь Бытоли”.
10. Меѓутоа, пресудна важност има споменувањето на овој град во новооткриениот натпис на Јоан Владислав од 1015—1016 година тешко го погаѓа изведувањето на ова име од Обитељ. . Установувајќи го правилно тоа име во петтиот ред на плочата, Ј. Заимов го чита вака тоа место, на кое се некои букви поистригтии: градсь Битола. Врз основа на тоа читање тој исто поаѓа од врската со овитkak, но истакнува дека
„досега не са изяснени всички подробности в строежа на името”
11. Меѓутоа, веќе самите си viки во неговата книга побудуваат сомнение дали е сосем прецизно прочитано името на градот. Така за претполаганото и самиот Заимов бележи: ,,и е очертана с малко изкривена водоравна (може би каменоделецът е започнал по погрешка н или натова място има пукнатина или чугіка в камъка)”
12) Што се однесува на крајната буква, читајќи ја како а Заимов треба, природно, да претположи секвенца со тврдо л. Тој тоа и го прави: „Затвърдяването на л”
(срв. в днешния говор кошула, недела срещу кошуля, неделя в Стружко), както показва надписът на Иван Владислав, е станало в битолския говор още преди края на X в.”13) Бидејќи во битолскиот говор и денеска л” не е затврднато (па како кошуља, недеља се вели и Бишоља), тоа имаме една изразита диференцијална црта на тој говор наспрема прилепскиот, останува и во овој случај резерва спрема читањето на Заимов и во Со љубезна согласнот на проф. Д. Коцо, којшто подолго време
работи врз реконструирањето на оштетените места на натписот, го
даваме овде неговото читање кое гласи (како што се гледа на приложениот цртеж во намален размер): градь сь Бытола. Самиот сум можел да се уверам дека, иако на тоа место на плочата имаме поистриени
букви, контурите на ни е доста лесно се забележуваат.
Бъд осъБЫТОЛА.
С )
9. Според изнесено, ние треба да сметаме веќе со формата
Бытоа како со најстара фиксирана форма во еден словенски текст.
Бидејќи е тешко да замислиме за почетокот на XI в. мешање меѓу лиѣ, а немаме доволно основа ни да претпоставиме во случајов налагање на глаголскиот нацрт за ѣ, следува да заклучиме дека во овој најстар запис името на градот се јавува во множинска форма. Со оглед на преминот и > ѣ во македонскиот (XII—XIII в.), не постојат тешкотии
да се објасни развојот што доведува до денешното Битоља, Битола. Самиот тој премин можел да придонесе за сфаќањето на ова име како еднинска форма, до колку таа и порано не се јавувала паралелно со множинската. Впрочем вакви преосмислувања станувале по една или друга причина (сп. некогаш Сшруіи а денеска Сшруia)14).
10. И така домислувањето на Романски дека изговор со ы можел да постои и во дадениов период сега се оправдува. Но формата Битола, засведочена за 1015—1016 г., тешко го погаѓа самото изведување на ова име од Обитель. Колку само перипетии требало да станат за да се дојде до можноста еден словенски збор да се претвора во друг словенски збор под дејството на народната етимологија! Според една варијанта би требало претходно да се изврши декомпозиција, па да дојде тогаш до замена на суф. -шёл- co -шол-. Според друга би требало прво да имаме префрлање на акцентот врз почетниот вокал, па потоа далечна асимилација *бант.ka – > *Обитол – и најпосле декомпозиција.
11. Поаѓајќи од тоа, можеме како сосем веројатна да ја поставиме
хипотезата дека во случајов се работи заправо за старо вкрстување на илирско или трачко образување и, од друга страна, словенско, кое спаѓало во истата значенска сфера (,,дом, жилиште”). Така се враќаме делум и на мислењето на Фасмер, колку што се однесува за учеството на илирскиот или трачкиот. Забелешката за тоа дека butas не би наоѓало соодветства на Балканот може и да се отклони со привлекувањето на нови факти. Така се налага споредувањето на месното име Бутељ, Бутел (сега дел на Скопје) со формите Воительс, Butella. Ова име е забележено веќе во втората половина на XIII в. во грамотата на Константин Асен. Повторено е тоа малку подоцна повеќе пати и во грамотата на Милутин од 1300 г., дадена на манастирот св. Георгиј Горг кај Скопје . Во XVI в. е забележено од еден италијански патописец како Buttol. Не е исклучено дека во овој круг имиња треба да се вклучи и Витолишта (име на село
во областа Мариово, источно од Битола).
Со една контаминација меѓу илир. трач. * Butel- и слов. *Byto-
би можело полесно да се објасни присуството на вокалите ыио во словенската варијанта на името на градот Битола (Бытоли). Можеби од таква контаминација произлегол завршокот на -а во старата словенска форма и отаде сфаќањето на името како множинско. Сето ова треба да ни ја објасни словенската форма, додека од друга страна византиските и латинските записи можат просто да ја одразуваат постарата (илирска или трачка) форма. Сосуштествување на две варијанти на месни имиња во
области со мешан етнички состав е сосем обична појава. Ако ја примиме и во случајов оваа можност, тогаш стануваат непотребни сите напори да се објаснува разликата по местото на акцентот и во вокалниот состав меѓу словенската и византиската форма.
12. Во изведувањето на етимологијата на името Битола постојано бил присутен во свеста фактот што во ново време Грците го викаат тој град Moнастир. Тоа име е забележено во турскиот период, но изгледа најверојатно дека тоа се јавило пред идењето на Турците кои го усвоиле. Меѓутоа, и нашата хипотеза оперира со елементи што не одат надвор од значенскиот круг во кој спаѓа и ст. сл. овитель
(,,дом, жилиште, бvn”). Од друга страна, ништо не може да ја наложи како задолжителна најтесната врска по значење меѓу едно постаро и поново име за исто место. Не е исклучено дури постарото име (Bovтёlas, Bouteiov, Битола ) да се сврзувало повеќе со значењето „жилишта, куќишта” (можеби и „урнатини” со оглед на старата Хераклеја) а новото да се јавило независно од тоа во врска со некој познат манастир во ова место во Средниот век.