Денес на присутните новинари медиуски куќи им се обрати директорката на фестивалот Маја Андоновска Илијевски.
Таа ја соопшти програмата и сите детали поврзани со фестивалот. Се осврна и на денешната дата кога таа одбележува 365 денови како прв човек на НУ Центар за култура Битола во кој реализирала заедно со својот тим 3 интернационални фестивали, а уште е поголем е бројот на концерти, фестивали, промоции, изложби. Киното работи со несмален интензитет, а со сопствени средства направени се инвестициони вложувања во опрема важна за функционирање на институцијата.
На пресот зборуваше и Мр Валентин Соколевски – етнолог вработен во Центарот за култура и долгогодишен стручен соработник и координатор на овој фестивал кој ги објасни начините како се слектираа учесниците и кое е значењето на овој фестивал кој годинава носи гости од три континенти, а воедно ќе го презентира и она што може најдобро да го презентира нашата држава.
Фестивал со симболично име и племенита мисија посветена на највредните човекови креации на бесценетата народна културна традиција на ансамбли од сите страни на светот.
Ова е фестивал кој се подготвува цела година, а во 5 фестивалски денови ќе продефилираат 1.500 учесници од целиот свет.
И после 49 години, почетокот е тука, зошто новите генерации треба да ги научат и да ги развиваат традициите.
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ не е обичен интернационален фестивал
Во 2017 година, во Индонезија на еден од светските конгреси на CIOFF [ Council of International organizations of folklore festivals & folk arts ], ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ стануваат цертифициран CIOFF Festival, со што станува еден од вкупно 100 најреномирани фолклорни фестивали ширум светот, исплонувајќи ги тие строги критериуми на оваа светска организација која е официјален пратнер на УНЕСКО, акредитирана од неговиот комитетот за чување и промовирање на традиционалната култура и фолклор кои се нематеријално светско културно наследство.
Со нетрпение ги очекуваме гостите кои годинава доаѓаат од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел, а добро ќе ги препознаеме и сите наши ора и песни, познати и помалку познати, за да се потсетиме дека фолклорот обединува, зближува, и дека не постои поголем амбасадор во светот.
Ќе завршиме со еден одличен концерт на едни од најдобрите гитаристи на денешницата кои негуваат фолклорни елементи во нивната музика Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.