И младата битолчанка Илина Вељановска со голема насмевка ја донираше својата коса за да се изработи перика и да ја врати истата насмевка на некое другарче во болница.
Нејзините плетенки ќе послужат за изработка на перика за некое детенце кое се лекува на хемато-онколошкото одделение при Детската Клиника во Скопје.
„Браво Илина! Ти си голем пријател! ❤️“… напишаа од невладината организација САНО, на кои и вие можете слободно да му донирате.