Интервју со познатиот македонски физиотерапевт, битолчанецот Илија Жежов дипломиран физиотерапевт, генерација 89-та живее во Скопје, а работи во Гостивар во неговиот центар „Физиотерапевт – Здравје“.

Здраво Илија, наjпрво да ти се заблагодариме што одвои време да дадеш интервју за нашиот портал.

Најпрво, сакам да ви се заблагодарам за вашиот интерес и честото следење на мојата кариера во физиотерапијата. Вооедно тука ќе упатам голем поздрав до сите читатели на најдобриот портал.

Илија, 12 години работите интензивно, кога одмарате и дали имате време за приватен живот?

Кога се сака за сѐ се има време.
Професијата ми одзема многу време, да тоа е така ако си ја сакате работата со многу љубов. Добрата организација ќе направи простор и за работа и за приватен живот.

Зошто баш оваа хумана професија и како се одлучивте за физиотерапија?

Да успеете да направите денес среќен, лекуван и здрав пациент е најголемиот успех на еден доктор или физиотерапевт. За оваа професија се одлучив по ингеренции на мајка ми, знаете ако имате дома доктор или синот или ќерката мора да ја наследат мама. Да, точно убава, хумана и одлична професија со која може да се помага кај пациентите за сите болести од самиот пораѓај па до крајот на животот. Физиотерапевтот е професија која бара многу труд, пожртвување и вложување само така може да се биде успешен во она што го работите.

Важите за еден успешен физиотерапевт кај кого пациентите имаат најголема доверба кога треба да одат на физиотерапија, на што се должи тоа?

Ако бидете искрен со нив, им кажете кое заболување се лекува кое не и колку од ветеното ќе реализирате со голем успех, тоа е успех и за вас и за нив, па така ќе ја добиете и нивната доверба.
Многу е битно да бидете фер, искрени и чесни со пациентите не само да им наплатите и да ги манипулирате. Да седнете и убаво да им објасните за настанатото заболување, дијагнозата што може, а што не може да се постигне како успех. Искреноста, чесниот пристап, да бидете коректен и резултатите на лекувањето секогаш ќе ви донесат успех и уживање голема доверба кај нив. Ете, тоа е мотото по кое пациентите го ценат ликот и делото на Илија Жежов.

Што методи од физиотерапија применувате во лекувањето и како изгледа еден час работа со пациентот ?

Прво правите увид на самата медицинска документација на пациентот. Доколку пациентот нема медицинска документација правите 15 минути се за еден физиотерапевтски преглед.
При прегледот и разговорот со пациентот се констатира и проблемот, доколку физиотерапевтот смета дека пациентот треба да има РТГ снимка или магнет, истиот се препраќа да направи, па врз таа снимка се одредува и дијагнозата, потоа следи и протоколот со план и програма за работа со пациентот.
Најчесто пациентите доаѓаат без снимка па при разговорот, прегледот и констатацијата даваме насоки и ги препраќаме да направат детална РТГ или магнет, па потоа го носиме крајниот заклучок за отпочнување со физикална терапија. Врз основа на дијагнозата и заболувањето физиотерапевтот ординира терапија прописно и истата ја реализира во одреден период од 10,12, 15 или 21 ден а кај повеќето пациенти и во подолг временски интервален период бидејќи секое заболување си бара и свое подолго време за лекување.
Физиотерапевтските процедури најчесто вклучуваат:
Кинезитерапија-манипулативни движења на телото. Мануелна масажа-мануелни техники за работа на мускуло-скелетната состојба. Електротерапија-повеќе терапевтски процедури на галван, диодинамик, интерферентни стр, електрофореза, ултразвук и др стр.
Екстензија-истегнување манипулации на киропрактика, корекции на кифоза, сколиоза и лордоза. Сите дијагнози се третираат по специјална план и програма која ја подготвува физиотерапевтот за работа со пациентот.

Започнавте со пренесување на вашето знаење и во Србија, ја ценат вашата работа.
Што е проектот таму?

Србите се прекрасен народ.
Проектот е нов центар за физиотерапија, 12 физиотерапевти ми се дадени на голема доверба, работам со нив за време на викендите и истите треба да ги обучам да бидат експерти за физиотерапија. Образовани се, имаат многу знаење само им фали малку добра пракса за да бидат експерти. Работиме на тоа и соработката е одлична, многу сум горд што сум избран да им бидам личен обукатор и физиотерапевт и сигурен сум дека од нив ќе создадам тим под мото тим кој ќе победува.

За крај би Ве прашале што планирате во иднина ?

Многу проекти, планови за своите пациенти. Успешни рехабилитации, семинари и повторно време од 80 до 90% од животот во вложување во својата професија.