Битолскиот ММА борец Игор Додевски член на Нинџуцу клуб Битола дојде до својата шеста полу професионална победа во Гостивар, за моментален скор од 6-0 во ММА и преку 50 борби искуство во Џиуџицу.
Под името Fight Night 2 WMO (World MMA organization) Игор Додевски по напорни три рунди борба дојде до својата нова победа во мешани боречки вештини со силен противник од Албанија член на скопскиот боречки клуб Лирија од Скопје, кој се покажа како силен отпор за Додевски.
Игор Додевски е такмичар во Џиуџицу и полупрофесионална ММА каде 5та сезона по ред редовно ги брани боите на НК Битола во овие два боречки спортови во кои моментално е максимално посветен и фокусиран со цела своја енергија и време. Млад борец идна генерација на такмичари од кого се очекува со многу работа и посветеност за неколку години да биде професионален борец, голем амбасадор на Македонија во овие боречки спортови.