Денес на 22 Април (Петок) во 20.00 часот во Офицерскиот Дом – Битола ќе се одржи изложба на фотографии „ИДНИНА ВО МИНАТОТО“.
Целата поставка ќе биде префрлена од нареднот ден (23.04) во просториите на Радост-кафе, па се до 7-ми Мај, за сите останати заинтересирани посетители.
Низ еден визуелно-естетски, мисловен, перформанс, споделени се слики и спомени од Истокот. Визуелниот наратив, има за цел да не понесе кон едно мечтаење, за долго очекуваната иднина, која можеме да ја споредуваме само со досега искусеното минато.
Автор: Игор Трајковски Фоја; Селектор на фотографии: Коста Дучинов, Креативна видео-монтажа: Кети Талевска Бакревска; Музика: Sweet Rapscallions; Естетски осврт: Филип Иванишевић
Проектот е поддржан од Министерството за култура, како проект од национален интерес за 2022 година.
Останати соработници: ГРАФО ПРОМ, Радост и Латерал.