Државниот Архив на РСМ – Одделение Битола располага со 995 фондови и 32 збирки. Иако поголемиот број документи се од периодот по Втората светска војна, постои архивски материјал со многу важни податоци за политичката, културната и стопанската историја за подрачјето на општините за кое е надлежно, како и пошироко за периодот до 1944 година. Во состав на одделението има библиотека која располага со околу 5 000 книги (македонски, бугарски, грчки, турски, српски, романски, француски, англиски јазик) 163 наслови на списанија и 155 наслови на весници. Најстариот документ (пергамент на стар еврејски јазик) кој се чува во Одделение Битола е во Збирката пергаменти на староеврејски јазик.

Во состав на одделението има библиотека која располага со околу 5 000 книги (македонски, бугарски, грчки, турски, српски, романски, француски, англиски јазик) 163 наслови на списанија и 155 наслови на весници. Најстариот документ (пергамент на стар еврејски јазик) кој се чува во Одделение Битола е во Збирката пергаменти на староеврејски јазик.

Овие вредни документи кои сведочат за историјата на Битола се откупени од страна на тогашниот Околиски Архив Битола од физичко лице уште во далечната 1957 година. До неодамна не беше во целост позната содржината на овие пергаменти, односно познато беше само дека се свитоци со религиозен карактер. Она што беше спорно беше и датирањето и потеклото на истите, односно на кој начин се задржале во Битола.

Уште минатата година беше остварена комуникација од страна на Директорот на Државен Архив, д-р Емил Крстески и В. Д. Раководителот на Одделение Битола, Гоце Стојановски, со д-р Стивен Ф. Сејџ кој работи во Меморијалниот Музеј на Холокаустот во САД, со седиште во Вашингтон и притоа беше договорена соработка која овозможи на професионален начин со користење на напредни технологии да се обработи оваа значајна збирка. Д-р Сејџ со помош на професорот од Американскиот Универзитет во Вашингтон, д-р Гершон Гринберг, професор по Филозофија и Религија по повеќе месечна работа успеаја во целост да ги обработат сите 4 пергаменти и во Одделение Битола да ги испратат податоците и неговите сознанија за овие вредни документи.

Првите два пергаменти се дел од Тора, односно од Петтата книга Deuteronomy (Devarim) или Второзаконие, а останатите два се Хафтора (Haftarah) литургиски придружник на Тората што се рецитира во Синагога. Според сознанијата ракописите се направени од Сефардските Евреи, протерани од Пиринејскиот полуостров за време на Шпанската инквизиција. Она што произлезе од ова истражување е дека овие ракописи потекнуваат токму од Пиринејскиот Полуостров, поточно од Португалија и биле пишувани во континутет од 13-ти па се до 15 век. Ваквите наоди на професорот се поткрепени со повеќе историски факти и анализи и секако ова за Одделението на Државниот Архив во Битола е едно значајно ново откритие.