Денес во 11.00 ч. свечено на Ски – центарот Нижеполе, со многу емоции и овации се одбележа еден несекојдневен и исклучителен момент, 88-миот роденден на Димче Стојановски, нашиот најстар активен скијач.
Нижеполе изгледаше посебно, незаборавно и во полн роденденски сјај.
За него годините се само бројка, тој е инспирација за многу луѓе и навистина е среќен што успеал да ги види задоволствата и убавините што планините со снег му го овозможиле.
Неговата денешна роденденска забава ќе разубеди секого дека е престар за да направи нешто или пак дека во поодминати години нема да ужива во адреналинот.
Ски центар Нижеполе