БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

По реакцијата на скопјани за менување на имињата на улиците и поставување на имиња од нивни познати рок и поп групи во Скопје, така и битолчани уште погласни дека го сакаат истото за нивниот град Битола. Во текот на 2019 година во Скопје имаше јавна анкета за враќање на некогашните имиња на улиците и предлог за нови кои би доаѓале од поновите времиња на познати рок и поп групи, личности и други, која беше проследена со голем интерес и се започна со дополнување на регистерот со имиња.

Битолчани со нивни предлози предлагаат плоштадот Магнолија да се вика Силви Бенд, некои од улиците да ги добијат имињата на Анета и Молика, Алтернатор, Елита, Паркети, Чоканче, Фолтин и Мадригали. Интересно е што повеќето од нив предлагаат и познатиот битолчанец Паљо да добие улица по негово име како ул. Паљо.

Дека навистина ни треба и некоја промена на улиците е фактот кој многу заслужни битолчани како Ајри Демировски сеуште не се овековечени од страна на општинската власт. Да се надеваме дека во идно време и тоа ќе се случи.

Веста е наменета за рубриката ЛабавО и е измислена за забава на широката народна маса. Предлозите се убави да се спроведат, нарочито последниот.

2 коментари

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here