Во рамките на редовните активнности, особено кога условите во планината се посурови (голем снег), од страна на чуварската служба на паркот се спроведуваат активности за прихрана на животните и птиците…
Новите снежни врнежи ја направија оваа потреба ургентна, па во текот на денешниот снежен ден беа распоредени храна и минерални соли во пределот на стопанската единица Пелистер, над селата Цапари и Нижополе, како и во стопанските единици Вртушка (Маловиште) и на Преспанската страна на на НП Пелистер, во стопанската единица Брајчино, над село Брајчино. Вкупно беа распоредени 80 кг сол, 100 кг пченица, 50 кг пченка, 7 пакети со минерали и 35 бали со сено. Последните 3 фотографии ги направија камерите – замки на лице место…
НП Пелистер