Во време на светска пандемија од корона вирусот, секогаш најголеми херои се хуманите лица. Така, за потребите на Болница „Плодност“, компанијата 3Д ПУНКТ од Прилеп, во сопственост на Зоран Дамчески, изработи 30 визири и бесплатно ги подари на медицинските лица во болницата, кои секојдевно се изложени на контакти со пациентите.
Од болницата Плодност изразуваат голема благодарност за овие хумани луѓе, кои ја препознаа вредноста на квалитетот на работењето на нивниот тим и дадоа свој придонес за нивната безбедност.
Апелираме до сите да го следат нивниот хуман гест и да помагаат секој на начин на кој што може. Само така, ќе излеземе посилни од оваа глобална криза.
Ви благодариме!