Хуманитарна промоција за пост Ковид активности
Светлана Папачек е родена во Скопје, 1973 год. а живее и твори во Битола. Уште од основно училиште е љубителка на поезијата и воопшто на пишаниот збор. Стихозбирката „Страсти” е нејзиното првенче, а романот” Препород низ бессознание” е нејзин прв роман. Повторно нејзината прва љубов поезијата вроди со втората стихозбирка ,, Душевни болки ”, следи збирката раскази ,,Женски откровенија“ која ја понесе наградата „Златно перо 2020“. Новелата ,,Љубов и вера“, е нејзиното ново остварување на полето на прозата.Овој период на Ковид 19 е тежок за мене и за моето семејство, но не ме спречи во мојата намера да го издадам она што ми е излезено од душата и моето перо кои години наназад тлеат во душата и сакаат да излезат од неа. За да ми олесни, за да се чуе мојот глас.Збирката раскази,,Женски откровенија“ и новелата,,Љубов и вера“ во издание на Златно перо ќе бидат промовирани во ова време невреме, кои ги издадов со финансиска помош на мои драги луѓе, роднини и пријатели.Затоа пак јас како долгогодишен активист за женски права и родова еднаквост, преку моето пишување и промовирање спроведувам еден поинаков женски активизам. Можеби тивко и ненаметливо, но сепак успешно. Промоцијата ќе биде од продажен карактер и средствата кои ќе бидат собрани ќе ги донирам за хуманитарни активности за пост Ковид во Здружение Златно перо и мојата матична Организација на жени Битола.Светлана Папачек