Организирајте совршен настан со помош на нашите бизнис простории. Ви нудиме сѐ што ви е потребно од почеток до крај, од потребната опрема, па сѐ до последната шолја кафе.

Хотел Епинал е лоциран на главната улица Широк Сокак во Битола, опколен со најзначајните знаменитости во градот. Хотел Епинал располага со вкупно 72 соби, од кои 59 двокреветни соби, 8 трокреветни соби и 5 апартмани. Хотелот располага со Банкет сала, со капацитет од 500 лица, како и три помало конференциски сали.

Салите за семинари се опремени со класично озвучување, статични / подвижни микрофони, конференциски микрофони, ЛЦД проектор, платно за проекција, поинтер, лаптоп, флип – чарт табли (наведената опрема е без надомест). Хотелот за учесниците обезбедува и бесплатна интернет конекција, како и бесплатен паркинг за учесниците на настанот.

Секое ноќевање вклучува појадок, бесплатно користење на СПА и фитнес центарот, бесплатен паркинг, бесплатен wi-fi, осигурување, туристичка такса, ДДВ.

Вие само одлучете се за настанот, а ние ќе се погрижиме за останатото.

Хотел Епинал Битола