Недела (17.03.) во 19ч.
Center – Lounge and Fresh Bar
(Широк Сокак 61)
Промоција на нова песна и нов музички видео запис “Hey You, Listen!” на Стефанија.
Идејата е да се пренеси чистата безрезервна љубов на големите и мали таленти, да се разбијат веќе поставените граници од предрасуди со мир. Да се подаде рака на сите кои сакаат да му помогнат на светот, а најпрво да си помогнат себе си.

Учество во спотот заземаат лица со различни попречености (слепи, глуви, со Даунов синдром, церебрална парализа, пречки во развој, аутизам…) од Битола , Скопје и Белград, и артистите (танчери, пејачи, изведувачи) на Анастасија Центар.
Воедно ќе се презентира документарниот филм ( “Hey You, Listen!” /behind the scenes), на тема „Подигнување на свеста кон лицата со попречености и развивање на емпатија“ (со посвета на починатиот најстар брат на Стефанија – Игор Милевски, лице со церебрална парализа (38)) во продукција на Welcome to Stefanija’s Music World.
Почувствувајте ги емоциите што не се прераскажуваат!

Линк од настанот ТУКА