Најдобриот египетски голман пристигна во Битола како големо засилување за голманската позиција.
Хендави има 32 години, долго време е најдобар египетски голман и стандарден репрезентативец, а има и акумулирано искуство од настапи во Европа.
Новиот голман на битолскиот клуб висок е 188 сантиметри и важи за импулсивен голман, со нескриен темперамент. Со египетската репрезентација освои злато на Африканскиот шампионат во 2016 година на домашен терен и во 2020 година во Тунис.
Керим Хендави позади него има богата голманска кариера.
Добре дојде во Еурофарм Пелистер и нека ни е со среќа!