Компанијата Хемометал годинава одбележува значаен јубилеј, 35 години континуирана работа во областа на земјоделската механизација, сервис и поддршка на македонските земјоделци.

По повод јубилејот, на крајот на годината беше организирана свечена прослава на која беа наградени вработени со долгогодишен стаж, меѓу кои и колеги кои се дел од компанијата уште од самите почетоци. Настанот беше можност да се оддаде признание на луѓето што со децении ја градат приказната на Хемометал, но и да се потврди континуитетот на семејниот бизнис што денес го продолжува новата генерација.

Основана како семејна компанија, Хемометал низ годините израсна во препознатливо име во секторот на земјоделска механизација, градејќи доверба не само со квалитетни производи и услуги, туку и со стабилни односи со своите вработени и верни потрошувачи.


„Кога започнувавме пред 35 години, немавме големи планови на хартија, но имавме јасна намера – да работиме чесно, одговорно и со почит кон луѓето. Денес, кога гледам дека со нас сè уште работат колеги кои беа дел од првите чекори на Хемометал, знам дека сме направиле нешто исправно. Оваа компанија отсекогаш била повеќе од бизнис – таа е заедница.“ изјави Мирко Велковски основач на компанијата.



Јубилејот беше одбележан во духот на благодарност, почит и заедништво вредности кои, според компанијата, остануваат темел и за идниот развој.

„Да се продолжи семеен бизнис со ваква традиција е чест, но и голема одговорност. Нашата цел е да го зачуваме духот со кој Хемометал е изграден. Довербата, човечкиот однос и стабилноста и истовремено да го развиваме бизнисот во чекор со новите технологии и потребите на земјоделците. Веруваме дека иднината се гради токму така, со почит кон минатото и јасна визија напред.“ – истакна Александра Христовска ќерката на основачот која ја продолжува оваа успешна приказна.

Со 35 години зад себе, Хемометал не ја заокружува приказната, со потврда дека компанија се гради со време, со луѓе и со одлуката да се остане доследен и кога е лесно, и кога е тешко.
Затоа што вистинската вредност не се мери во години, туку во довербата што трае.
Хемометал – 35 години со истата бразда, со истата одговорност и со поглед кон иднината.





