ГРУПАТА „БОЕМИ“ СЕ ПОЗДРАВИ СО СТОЛЕ

од July 31, 2026 0 коментари

Со голема тага, членовите на музичката група „Боеми“ ја соопштија веста за смртта на нивниот долгогодишен пријател, музичар и член на составот, Столе.

Во емотивната порака објавена на социјалните мрежи, од „Боеми“ истакнуваат дека со неговото заминување изгубиле не само музичар, туку и близок пријател со кого со години ги споделувале сцената, песните, настапите и бројните заеднички моменти.

„Замина нашиот долгогодишен другар, музичар и дел од семејството на групата Боеми. Зад себе остави безброј спомени, песни, настапи и моменти кои засекогаш ќе останат во нашите срца“, наведуваат од групата.

Од него се простија со зборовите дека ќе остане запаметен по пријателството, хуморот, насмевката и љубовта кон музиката.

На семејството, пријателите и колегите им изразуваме искрено сочувство. Нека почива во мир.

Babam Bitola

Comments are closed.