Битола е градот….а за ГРАДОТ и без зборови зборуваат некои негови СИНОНИМИ кои ни времето, ни промените, ни желбата да се изменат фактите можат да ги девалвираат.

Кога сме кај БИТОЛА, кај ГРАДОТ и кај СИНОНИМИ….

Изминуваат повеќе од 66 години, откако ансамблот на народни песни и игри ИЛИНДЕН од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција.

Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното… Меѓу тие бисери се Градските приказни од кои се подвижен музеј за овој град. И се случи феноменален концерт во кој КУД ИЛИНДЕН ги раскажа преку игра и песни.

ГРАДСКИТЕ ПРИКАЗНИ

Го спои се она што се менува и се она што треба да остане исто. Зошто ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што БИТОЛА Е ГРАДОТ… барем преку синонимите, и колку да сакаат некои тоа да го злоупотребат за некакви си цели. Уживајте во фотографиите од концертот кој планираме да го повториме толку пати, колку што публиката ќе сака да го гледа. Како што впрочем сме правеле и стотици концерти низ годините и дома и на сите меридијани низ светот. Ние сме КУД ИЛИНДЕН, со децении правиме концерти и ја чуваме нашата градска традиција, затоа што за нас БИТОЛА Е ГРАДОТ.

Фотографии на Гоце Веселиновски