Битола, Септември
— Градежната сезона во општината се одвива со мошне силен интензитет, а така се очекува да биде и во наредната сезона, бидејќи во Секретаријатот за комунални работи секојдневно се јавуваат граѓани за локации за индивидуална станбена изградба. Поради тоа во тек е експропријацијата и уредувањето на земјиштето во близината на Лавци, каде ќе бидат доделени уште 200 нови локации.
Во изминативе две години во Битолска општина се доделени околу илјада локации за индивидуална станбена изградба, а само во изминативе неколку месеци во Брусничко- Лавчанскиот реон 400 локации. Во овој реон досега се изградени 300 куќи, од кои во наредните месеци треба да бидат вселени околу 100.
КОМУНАЛНИ ЗАФАТИ
Во Секретаријатот за комунални работи се интересиравме за комуналното уредување во Брусничко-лавчанскиот реон, зашто со право поголем број интересенти се распрашуваат кога ќе добијат вода, канализација, електрично светление, асфалт итн. Притоа добивме одговор дека наскоро треба да бидат асфалтирани две улици, со што ќе биде воспоставена врската со градот. Улицата „Партизанска“ со
населбата ќе се поврзи со
два моста на Курдерес и Брусничка река, а ќе се изгради и Булеварот на Револуцијата во должина од километар и пол, потоа ќе биде асфалтирана а попречната үлица што ќе го поврзува источниот со западниот дел од населбата, Останатите улици само ќе се уредат, но нема да се асфалтираат. До средината на идниот месец ќе биде готова водоводната мрежа и доколку заврши изградбата на филтерската станица истата ќе може да се приклучи на градската водоводна мрежа. Во Брусничко-лавчанската
населба има канализациона
мрежа, електрично осветление, а наскоро „Прехрана“ до Битола ќе гради Центар за снабдување. По асфалтирањето на улиците ќе започне да „тече“ и сообраќајот
на градските автобуси.
СЕЛАТА ПРИГРАДСКИ
НАСЕЛБИ
Интензивни комунални зафати се одвиваат и во останатите реони. Во „Ушици III“ е поставена водоводна и канализациона мрежа, ЗИК „Пелагонија“ гради продавница за самопослужување, а во тек е поставувањето на уличното осветление. Со изградбата на новите населби меѓу кои најголемиот број се индивидуални куќи, Битола се повеќе „бега“ од строгиот градски центар. Така, оддалеченоста на најблиските села постепено се
намалува и наскоро се очекува селата Лавци, Брусник, Долно и Горно Оризари, Буково и Кравари да станат нови приградски населби.
Петар Ставрев 1981 г.