Преполна сала во Битола го пречека европскиот вицешампион Веспрем, а домашните ракометари им приредија вистински спектакл на домашната публика.

По првите 30 минути Еурофарм Работник имаше водство против големиот фаворит од Унгарија со високи 14-8, а покрај тоа „фармацевтите“ на неколку пати им „продадоа“ атракции на ѕвездите на Давид Дејвис.*

Високата разлика се намалуваше до крајот на натпреварот каде во голема борба и неизвесност нашите ракометари успеаја со прецизниот проектил на Степановиќ да го бетонираат резултатот со 26:24.

*извор ГОЛ.МК