Локацијата Голема Ливада се наоѓа западно од населеното место Магарево на надморска височина од 1.280м. Има умерено континентална клима и силно нагласени годишни сезони. Месноста Голема Ливада има корисна површина од 4.000 м2 и е природно собиралиште на Битолчани за еднодневен одмор и рекреација,кој во некои викенд денови собира и до 2.000 посетители.

Голема Ливада располага со неколку настрешници и поголем број на клупи и маси за седење, кои се користат од посетителите, има и две чешми. До Голема Ливада водат три пешачки и велосипедски патеки, од Ротино, од Магарево и од Цапарска Пресека.

Моменталната состојба на снежната покривка е над 40 см.

До ден денес не можиме да се изначудиме зошто на ова место има пластични реквизити во ваква недопрена природа која изобилува со дрва и дрвен материјал кој е автентичен и користен во сите репрезентативни национални паркови насекаде низ светот .