Од денес 23 декември, па сѐ до новогодишниот дочек на 31 декември, платото пред Офицерски дом ќе биде претворено во празничен плоштад на кој 9 денови под отворено небо ќе се случува програма насловена како “Зимска приказна”.

57 различни проекти, во кои ќе настапат битолски бендови, редица ДЏ, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, а ќе се одржуваат и работилници во збирно над 60 часа активна програма.

https://zimskaprikazna.com/