Внимание: Од доцна попладне циклонот Глорија доаѓа над Битола и Македонија

од August 14, 2018 0 коментари

Во текот на денов облачноста од југозапад малку ќе се зголеми па времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.
Под влијание на висинскиот циклон ГЛОРИЈА доцна попладне и навечер ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално во Битола и битолско процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град па поради ваквата ситуација на граѓаните ги советуваме да бидат ВНИМАТЕЛНИ!!!
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. ГЛОРИЈА ќе се задржи и во следните денови и ќе условува нестабилност, локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можно е и локално НЕВРЕМЕ.

И покрај ова ќе продолжи многу мачното, спарно и тешко време.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *