На 16 ноември се оформи здружението за помош и поддршка на лицата со мултипна склероза ,,Гласно за МС“ – Битола, во кое претседател на здружението е Поповска Сања , авторката на романот ,, Девојката со портокалова марама“ и потпретседател, Снежана Пресилска, заедно со уште три членки : Јулијана Лазаревска, Наташа Кузмановска и Билјана Лазаревска.

Пет жени со огромна визија, идеи и проекти кои заедно со сите МС борци ќе се изборат гласно за правата и рушење на скептичноста поврзана околу оваа тема.

,, Со нетрпение ги очекуваме сите МС борци да се приклучат во нашето здружение и со заеднички сили да се избориме за нашите права.,,
Можат да не заследат на нашата инстаграм и фејзбук страна ,,Гласно за МС“ – Битола, каде ќе ги следат сите информации во врска со нашите настани, проекти,споделени искуства и прашања и одговори поврзани со болеста.
Идејата за здружение беше одамна замислена и конечно се оствари. Најважно од сѐ е дека веруваме во себе и во нашите идеи и знаеме дека ќе успееме…