Во долгиот период покрај многуте премрежиња минати во животот генимаалци знаеле и да уживаат.
Да играат, да пеат, да заминат на викенд во природа. Ги користеле неделите и верските празници. Ако за велигденските празници оделе в црква, играле и пееле во прочуените генимаалски велигденски Ѓурѓовден оделе и кај „Крива Ливада“ каде се играло и пеело. На јужната страна на ливадата имало . И таму се играло и пеело. На јужната страна имало високи и широко разгранети врби. На дебелите гранки правеле крлешки. Се крлале и пееле: „Крле врле на Ѓурѓеле.“ Инаку песната ја пееле во многу верзии бидејќи ја поврзувале со родителска љубов, со вљубените млади и така натаму. Ако битолчани, кога оделе за Ѓурѓовден кај „Крива Ливада“ и ортомата ја префрлале за да направат крлешка преку врбова гранка, во планинските села каде што растеле разни дрвја најчесто префрлале на дренова гранка. Тоа значело тој што ќе се покрла да биде здрав како дрен.

Јас многу убаво се сеќавам кога бев дете дека мајка ми ме крлаше на најдебелата гранка од старата дуња посадена во домашниот двор пред дваесетина години. Да се знае: „Крива Ливада“ се наоѓаше кај железниот мост на реката Драгор попознат како,,Мостот кај Кафтанџица“. Едно појаснување за луѓето што го заборавиле овој мост, а посебно за младите дека сегашниот малку адаптиран мост на реката Драгор преку кој врват сите возила за РЕК Битола и за селата поблиски и подалечни околу РЕК се разбира и за Мариово. Ете пред овој мост од левата страна на патот се наоѓаше „Крива Ливада“. За Велигден, за Ѓурѓовден, а и во неделите на генимаалци посебно задоволство им причинувало да одат на прошетка кај „Вршкова Ливада“, кај „Сива Вода“, се разбира и кај „Кисела Вода“. Кога престојувале кај „Вршкова Ливада” ги користеле за дневен престој дебелите врбови, јасикови, багремови и липови сенки. Целиот правоаголен појас на ливадата го сочинувале споменатите дрвја. Низ средината на ливадата по цела должина имало бразда по која течело изворска вода. Изворот се наоѓал пред западниот појас на ливадата. За да биде ливадата од убава поубава од двете страни по должината прекрасен дрворед од врбови и јасикови дрвја.

Ете така! Во оваа прекрасна ливада поседнати дебелите сенки врз послани килимчиња и черги уживале генимаалци.

На „Вршкова Ливада“ посебен амбиент за помладите капачи претставувала долгата рамна зелена меѓа што се издолжувала по целата должина на јужната страна. Оваа меѓа повисока од површината на ливадата го правела и левиот брег на реката „Драгор“. Корењето на старите јасики го крепеле брегот. Тек-тук на места можеле да се видат подизлезените корења од врбите и јасиките. Еее, таму меѓу корењата се криеле и рибите. Кога немало капачи, рибари со јадици ловеле кленчиња и дујачиња. Риболовците повеќето биле млади деца. Се знае, што се рекло и раскажало, секое излетничко место има своја убавина.

„Сива Вода“ исто така ,со своите убавини привлекувала од памтивек многу љубители на природата. Прекрасниот амбиент на долината притисната од северната страна со високите плус ридови, а од јужната со „Буковските Ливади“, реката „Сива вода“ и нејзиното корито секогаш исполнето со сива вода амбиентот достигнувал кулминација. И не само тоа, тука била и чешмата со сива вода. Близината на „Сива Вода” привлекувала не само млади
посетители туку и постари. Чешмата што гргаше низ земјени цевки со сива вода им влеваше и сигурност на посетителите дека нема да останат жедни. Над чешмата на високиот брег имаше редица багремови дрвја. Корењата од багремите го држеа земјениот брег убава ливада. Ете, најмногу љубители на природата поседнати на разнобојни килимчиња одморале ливадата. Се разбира тука и ручале, пиеле и вода, а некои пиеле ракија и вино. Ете така! Најадени, напиени со сива вода, ракија и вино, посетителите поделени на повеќе тајфи, пееле разни песни. Штом пеењето ќе достигнело кулминација, со придружба на понекоја гитара почнувале и ора да се вијат. Ете така! Сè од убо поубо.

,,Кисела Вода”, ех ,,Кисела Вода”! Иако малку-многу, за кој како, четирите километри од градот подалеку била најпосетена. Во тоа далечно минато време кај „Кисела Вода“ масовно доаѓале луѓето, кој пешки, кој со запрежни коњски коли. И едните и другите не било чаре попатно да се одморат и да се
напијат вода кај чешмата која во подоцнежните години го добила името „Кај Гулејца“. (Гулејца имала лозје во близина на чешмата.)
На просторот околу чешмата со минерална вода, убавите зелени ливади, дебелите врбови и багремови сенки, плус лековитата кисела вода претставувале еднодневен рај за посетителите. Раскажуваа старите дека минералната кисела вода била лек за многу болести. Некои болни од стомачни заболувања се враќале дома оздравени. Изворот на киселата вода бил затворен систем. Чешмата била на површина на земјата. Водата истекувала по површинската бразда. По целата должина на браздата црвенеела бакарната боја. Значи во тоа далечно минато имало искусни мајстори чешмеџии. Останала тајната како искусните чешмеџии успеале да ја доведат чистата жица на киселата вода до чешмата. Оваа тајна и ден-денес не е откриена.

Во подоцнежните години битолчани ја користеле киселата вода за домашна употреба. Напреднала и техниката. Битолчани доаѓале со велосипеди.
Полнеле вода во стаклени шишиња. Некои луѓе се сетиле да ја искористат побарувачката за кисела вода. Си направиле колички со гумени тркала. За влечење на количките биле употребувани магариња и коњчиња, а некои разнесувачи сами ги туркале или ги влечеле количките. Разнесувачите откако ќе наполнеле вода, шишињата ги покривале со папрад. За да наполнат вода го користеле вечерното и утринското време. А през дента во повеќе интервали поединци чекале во редица за да наполнат кисела вода. Ете така!
Убаво и корисно, нели?!

„Сребрена Вода“ е комшивка на „Кисела Вода”. Од дамнина, луѓето доаѓале и барале спас од некоја бо-
лест. Доаѓале да се измијат со оваа света вода. Навистина, по овој ритуал, ако нешто се случило, тоа била надежта за нивно оздравување. Тие луѓе фрлале
метални парички во вирот, а надежта за нивното оздравување станувала уште поголема. Оваа вода од силниот извор навистина е сребрена и чиста. Луѓето не стравувале туку слободно се напивале кога биле жедни. Околу чешмата луѓето што работеле во своите бавчи и овоштарници си полнеле стомни со сребрена вода.
Устинките на стомите ги заштитувале со зелени лисја. Ете така! Оваа вода повеќе ја употребувале кога работеле, а за домашна употреба полнеле стаклени шишиња со кисела вода.

Морам да кажам дека на сите гореспоменати излетнички места, генимаалци често пати биле присутни. Се мешале луѓето од сите битолски маала, играле, пееле со еден збор кажано, се веселеле. Белки ќе изнајдам сили во поновото време да раскажам за судбината на „Крива Ливада“, „Вршкова Ливада“, „Сива Вода“. „Кисела Вода“ и за „Сребрена Вода”. Се надевам!!!

Методија Христовски Генимаале