Гимназијата ,, Јосип Броз –Тито’’ од Битола е дел од проектот,, Патот на помирувањето’’ заедно со партнери од: Германија (Протестанската црква од Штауфенберг ) , Изреал (Младинска организација од Кохав Јаир) и Црвениот Крст од Битола.

Во периодот од 16.06.2019 до 23.06.2019 групата составена од 5 ученици и двајца професори , заедно со двајца ученици од СЕУ ,,Јане Сандански’’ од Битола , го посетија Израел каде се приклучија на групата од Германија и Израел.

За време на престојот организирани беа голем број на активности, посети на различни места низ државата со цел да се запознаат со начинот на живот на домашното население, нивната култура, јазик и обичаи.

Во периодот на престој, групата престојуваше два дена во Ерусалим , каде во Меморијалниот центар за Холохауст,, Јад Вашем’’ беше организиран дводневен семинар со цел да се запознаат со најсуровиот дел од историјата на Еврејското население- периодот на Втората светска војна и Холокаустот. Во истиот тој период , се запознаа и со преживеани лица од војната со потекло од Битола и други делови од Македонија.

Групата беше примена на средба во Министерството за надворешни работи на Израел од македонскиот амбасадор Александар Аврамовски и израелскиот Дан Ориан.

Соработката продолжува во август во Македонија кога е организиран Летен камп на трите групи.