Здраво на сите. Од пред некој ден имаме нешто ново во нашиот град за кое како носител на самата идеја е самиот сопственик кој што почуствува потреба истата да ја реализира за бенефит на нашиот брз живот и современо живеење.
Нивната основна цел е здравата храна и здравите навики кој што ни се потребни за нормално функционирање и квалитетно развивање на нашиот човечки организам со таргет баш само за нашето здравје.
Нивното мени е составено од уникатни рецепти со речиси секаков вид на овошје и зеленчук и се состои од свежи и природни џусеви, смутиња со одличен вкус како и чоколадни и природни овошни шејкови, зеленчукови салати и многу други. Сѐ што имаат на менито е 100 % природно свежо без шеќер и без вода.
За нивниот бренд FRESH UP најзначајно им е да имаат задоволни и среќни клиенти бидејќи сето ова го прават со голема љубов за битолчани и битолчанки.
Затоа на вас останува да ја посетите нивната локација во близина на Саат кулата на самото мовче до Безистенот.