Одбројувањето до премиерното издание на Flowers Symphony започнува, а со задоволство ви ја најавуваме една од врвните изведувачи – Виолета Арсовска.
Сопран со богата музичка и педагошка кариера, Виолета плени со својот моќен и емотивен вокал. Нејзиното сценско искуство вклучува настапи на значајни музички манифестации низ цела Македонија, а нејзината љубов кон музиката ја пренесува и на идните генерации како професор по соло пеење и раководител на дувачкиот оддел во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип.

На сцената на Flowers Symphony, таа ќе ги оживее безвременските италијански канцони, носејќи ги со автентична интерпретација и емоција што допира до срце.
Не пропуштајте – бидете дел од панданот на Виена во Битола, настан кој ветува уметност, елеганција и доживување за сите сетила.
Картите се достапни на: https://yournextevent.info/events/flowers-symphony
и во Тобако Димпо.





