Во текот на денешното претпладне времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но и со услови за локален дожд проследен со поретки грмежи особено на север и северозапад.

Од пладневните часови па натаму на повеќе места и тоа особено на запад, југозапад и на исток ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, и засилување на ветерот.

Локално ќе има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси проследени со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени што значи ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината.

Циклонот ФЛОРИЈАН ќе се задржи над Битола и Македонија и следните денови и ќе условува чести врнежи, грмежи и услови за невреме.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Фото насловна непознат извор