Филм за битолската рап генерација премиерно на 4 април во Центарот за култура Битола

од March 14, 2026 0 коментари

Во Центарот за култура Битола на 4 април ќе биде прикажан филм посветен на една посебна генерација битолчани, генерација која иако денес е распрсната низ светот, во себе го носи белегот на младоста помината во Битола.

Филмот ,,Како плачат улицитеја раскажува приказната за времето кога стиховите и рап културата создавале силна братска блискост и пријателства што траат до денес. Преку лични приказни и сеќавања се оживува една епоха во која рапот не бил само музика, туку начин на изразување и дел од идентитетот на младите.

Авторот во најавата посочува дека рапот не е само музика туку личност и дел од тоа што сме денес, симболично опишан како златен медалјон што секој од учесниците го чува како најскапоцена реликвија.

Станува збор за проект на кој се работело повеќе од година и пол, реализиран со сопствени средства, ресурси и знаење, но и со многу љубов и посветеност.

Проекцијата е закажана за 4 април во Центарот за култура Битола, каде публиката ќе има можност уште еднаш да ја доживее и сподели приказната за една генерација и едно време што оставило трага во градот.

Цена 200 ден.

Babam Bitola

Comments are closed.