Еден од најдобрите македонски ракометари, битолчанецот Филип Кузмановски, по фантастичните настапи за Пелистер, Металург и Еурофарм Работник се реши за нов предизвик во својата кариера и од следната сезона ќе се натпреварува во најмоќната ракометна лига, Бундеслигата.

Младиот бек во иднина ќе настапува за тимот на Магдебург, а пред да замине за Германија во битолски ресторан организира забава, која на крај кулминираше со големо изненадување.

Популарниот Фитиљ пред своите најблиски соработници и пријатели се реши на нов крупен чекор и клекна пред својата долгогодишна девојка Моника Игнова, која видно возбудена го кажа своето судбоносно „ДА“.

Повеќе на Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here