Овие денови од 24-27 Октомври 2018 во Скопје се одржуваше натпревар за иновација МАКИНОВА 2018. Битолчанката Евгенија Дивитарова (17) ученичка во СОТУ Ѓорѓи Наумов Битола со нејзината CNC машина за гравирање со ласер, која ја иновира и конструира сама, се престави пред Комисијата од Институтот како и пред многу други кои беа учесници на Макинова ја презентираше нејзината работа.

Денес беше доделувањето на награди каде и беше доделена награда за “Млад иноватор” поддржано од Светската организација за интелектуална сопственист (Берин).

Во текот на вчерашниот ден имаше поголема посета од медиумите, пред кои заедно со Директорот на фондот за иновации им беше презентирана работата на ова CNC машина која е со сопствена конструкција и друг принцип на работа спрема останатите…

Изработена е за скоро три месеци и битолчанката Евгенија најверојатно е првото и единствено женско во конкуренција со сите машки од цела држава.

Честитки Евгенија.