Нашата млада битолчанка ж, 19 годишната Ангела Лавровска деновиве ни се преставуви со нејзиниот нов кавер направен според песната на Александра Јанева – „Еве ме пак“:

– Уште од мали нозе сум ја сакала музиката и пеењето, а низ годините се трудам да ја негувам таа љубов и да го развивам својот талент. Пред извесно време се натпреварував во музичкото талент шоу “Заблескај” каде што стигнав до финале секако тоа за мене еден преголем успех.

Овај пат сакам да Ви се претставам со мојот нов кавер од Александра Јанева – „Еве ме пак“, кој што е во соработка со Tyrion Production, музички тим кој е со мене од мојот почеток па се до денес , верувам дека оваа наша соработка ќе продолжи и понатаму бидејќи се темели на длабока доверба и разбирање. Исто така се надевам дека еден ден ќе успеам да објавам и некоја авторска песна .