Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија третото место на завршниот турнир на СЕХА лигата, откако во „малото финале“ во Задар го совладаа хрватскиот вицешампион Нексе Нашице со 27-23 (12-13). Ова е најдобра можна реакција по поразот од Веспрем во полуфиналето.