Почитувани љубители на ракометот. Во овие тешки времиња за сите нас, ве информираме дека поради меѓународниот карактер на денешниот натпревар, истиот ќе мора да се одигра. Натпреварот ќе започне со едноминутно молчење. Апелираме до сите присутни во салата Боро Чурлевски достоинствено и со почит да се однесуваат кон трагично загинатите лица во страотната сообраќајна несреќа која се случи утрово во Бугарија.
Воедно РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека предвидената фан-зона со забавни и спортски активности се откажува. Натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања редовно ќе се одигра од 18:45 часот.