Моја Битола, не можам да дочекам за да те видам наскоро!

По топлото добредојде во Битола минатиот септември, јас сум воодушевена што за само неколку недели се враќам во родниот град на моето семејство. Овој пат јас Ви носам и гости!

Кога дојдов минатото лето, бев изненадена од тоа колку многу битолски граѓани беа заинтересирани за еврејската историја на моето семејство. Толку многу луѓе имаа богати сеќавања на еврејскиот живот таму пред Втората светска војна, и напорно работеа за денес да ја зачуваат таа историја. Тоа беше мојот прв пат да го посетам родното место на мојот дедо (кога Битола беше Монастир), и бев навистина допрена од гостопримството што го добив.

И затоа сакав да донесам цела група од САД за и тие да доживеат тоа што јас го почуствував! Ќе бидеме цела недела низ Македонија (19-26 август) со гости од САД, кои најповеќе сакаат да ја посетат Битола! Некои учесници исто така имаат длабока семејна врска со неа, а други едноставно се фасцинирани од историјата на регионот. Ќе ги носам за да прошетаат по битолските улици, за да разберат каде Евреите некогаш живееја и напредуваа, и заедно сите ќе волонтираме на еврејските гробишта за да продолжиме со прекрасните напори за враќање на овој значаен дел од битолската историја. Во салата на ЦК Битола ќе имам музички концерт на ладино, јазикот на сефардските Евреи кои некогаш живееле во Македонија.

Додека во Македонија, ќе ја посетиме синагогата во Стоби, како и важни христијански и муслимански локации во Охрид, Тетово, Скопје и многу повеќе. Во Скопје ќе имаме можност саботата да ја поминеме со преостанатите еврејски заедници.

Целото патување ќе биде враќање назад низ минатото за моите гости и мене. И тоа е големото “благодарам” на сите мои пријатели во Битола, посебно, на тие кои беа толку љубезни кон мене и ме поттикнаа да се поврзам со моите корени во овој прекрасен град.
Моја Битола, не можам да дочекам за да те видам наскоро!

Sarah Aroeste