РК Еурофарм Пелистер го продолжува развојот и ја планира иднината со најдобрите млади македонски ракометари. Емилијан Ѓорговски е еден од оние кој влегува во сите комбинации на клубот во иднина и затоа уште најмалку три години ќе го носи „зелено-белиот“ дрес. Младиот стружанец, кој пред точно две години дојде во Битола, се обврза на нов тригодишен договор и потпиша до крајот на 2025 година. Левиот бек беше доведен како член на Еурофарм Пелистер 2, но со постојаниот напредок, од ова лето е под „палката“ на Ларс Валтер. Веќе дебитираше во СЕХА лигата, а наскоро ќе заигра во ЕХФ Лига Европа. Ѓорговски настапуваше за сите младински и за сениорската репрезентација на Македонија во периодот по пристигнувањето во Битола.