Дека на секој талент треба да му се даде поддршка и да се негува од мали нозе е примерот на нашата млада битолчанка Ана Марија Радевска која со нејзините 11 години буквално не воодушеви и импресионира со цртежите која ги црта и изгледаат како да се вистински предмети и животни во живо.
Марија е ученичка во ОУ Даме Груев, дополнителни часови по цртање посетува во студиото Адамс предводено од наставничката по цртање, академски сликар и иконописец Анкица К. Стевановска.
Со нејзините цртежи има земено учество во натпревари за цртање и ликовна уметност на локално и републичко ниво, од каде во Битола го освои првото место, и второ во цела Македонија.
– Уште од многу мала, поточно од две години самата почна да црта во нашата печатница каде кога ќе дојдеше веднаш земаше лист хартија и почнуваше да црта… ни пренесе нејзиниот татко Иле Радевски кој продолжува:
– Дарбата заедно со нејзината сестра близначка Ева Марија Радевска ја имаат наследено од мојата сопруга Дијана Радевска. А и јас не сум ништо покусо, веќе 25 години се занимавам со
печатење и дизајн на хартиени
кеси во нашата печатница Солопринт, така да тука сме некаде четворицата на иста бранова должина…
Целата колекција цртежи на Ана Марија Радевска погледнете и заследете ја ТУКА.
Фотографии и текст испратени и објавени со дозвола од нејзините родители. Голема благодарност.