hdrpl

СЀ УШТЕ ПОСТОИ ДИЛЕМАТА: ДАЛИ ДА СЕ УРИВА ЗГРАДАТА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ОД БИТОЛА, КОЈА Е ИЗГРАДЕНА ВО 1897 ГОДИНА ОД ДИВИЗИСКИОТ
ГЕНЕРАЛ: ВАЛИЈАТА АБДУЛ КЕРИМ-ПАША

КОНТУРИТЕ НА НОВИОТ ДОМ НА КУЛТУРАТА ВЕЌЕ СЕ HASИPAAT, A СТАРАТА ЗГРАДА ГО ВОЗНЕМИРУВА” ЕСТЕТСКИОТ И УРБАНИСТИЧКИОТ ИЗГЛЕД НА ГРАДОТ

Народниот театар од Битола ќе се урне! Тоа беше вест пред новата театарска сезона. Со преставата „Камен за подглава” на свечен начин, артистите и публиката се простиjа” од старата зграда на театарот. Театарските престави требаше да се одржуваат во Домот на ЈНА, сè додека не се доградуваше домот на културата. Но, преку ноќ изникна и една сензација: театарот не се урива! Културните традиции што ги поседува Битола, наследени се од многу поодамна, а тука секако значајно место, а завзема и театарската уметност. Можеби и од тука произлегува дилемата: дали да се урне или не денешната зграда на Народниот театар. Со одлука на Општинското собрание зградата требаше да се урне минатиот месец, но таа одлука во последен момент се измени: театарот не се урива. Кога се градела зградата на Народниот театар, Битола била еден од најважните политички, административни и културни
градови на Балканот.

Во тоа време по лична иницијатива дивизискиот генерал – валијата Абдул Керим -Паша во 1897 година на турските гробишта, во близината на улицата: Хамидие Џадеси (Широк сокак), започнала изградбата на денешната зграда. На камен темелникот кој го поставил прогресивниот валија Абдул Керим – паша, не присуствувал во знак на протест ниту еден од поафирмираните Турци од градот. Во 1900 година зградата е веќе готова. Нешто подоцна таа започнува со работа. Меѓувреме, Битола се повеќе расте како културен и стопански центар на Отоманската империја. Во 1910 година градот на конзулите брои четири театри. Во 1911 година Битола има 90 илјади жители и 2150 трговски и занаетчиски дукани, а 36 покрупни трговци имале свои преставништва во големите европски центри: Рим, Виена, Будим (Будимпешта), Лондон, Лајпциг, Париз и други.

Балканските војни му нанесуваат тежок удар на растежот на театарскиот живот. Во 1912 година, зградата ја зафаќа голем пожар. Уште повеќе истата е оштетена за време на Првата светска војна, а потоа е реновирана. Брз напредок театарската уметност достигнува во последните години на втората деценија на 20-от век.

Имено, од 1926 година до 1928 година, во Битола покрај битолските артисти се наоѓаат и скопските, на кој им изгорел театарот. Нови артисти на битолската сцена биле: управникот на скопскиот театар Караџиќ, потоа неговата сопруга Мери Подхрадска Пера Јовановиќ, Раденко Алмазаревик, Тодор Николовски, Павле Павловски и др. Репертоарот бил доста богат, а на театарските штици биле
– ДВЕ БОЛКИ ВО БИТОЛА
изведувани „Хамлет”, “Оголо „Крвната освета на Корзика, а посебна атракција за публиката преставувала Станковиќевата „Коштана”, со кобитолскиот театар на 30 и 31 март 1927 година гостува во Ресен каде наидува на топол прием кај посетителите.
Од 1932 до 1937 година во Битола работи театарот Добро поле” во кој членуваат и поголем број на македонски артисти, меѓу кои и браќата Ацо и Димче Стефановски.

Во 1936 година на сцената на Битолскиот театар настапува и првенката од Белградското народно позориште Љубинка Бобик во пиесата „Рокси“ која доживува вистински тријумф помеѓу публиката. Љубинка Бобик уште еднаш има свои минути, пред театарската културна јавност од градот под Пелистер и тоа во 1937 година во драмата „Вона од планината” од Радомир Павловиќ. Тогаш настанува и еден инцидент помеѓу акторите на претставата и публиката, зашто драмата била скратена – прикажана во три чина, а истата се се состоела од четири, што зборува за големото интересирање и познавање на театарската уметност од страна на битолчани.

14-ти Ноември 1944 година е најсветлата дата на Битолскиот театар. Во неговата зграда е прикажана преставата Горги Магаревски”, прва престава по ослободувањето на македонски јазик, за која публиката барала повторно да биде изведена по прикажуването. Во 1959 година, започнува со работа младинската сцена. Највисокиот дострел таа го достигнува под раководството
на неуморниот ентузијаст, театарски педагог и учител, покојниот Владимир Гравчевски – Гравче. По неговата смрт во Народниот театар во Битола настана една подолга пауза на младинската сцена. Денес таа повторно работи под водство на младиот и перспективен артист Митко Апостолов. Во текот на долгогодишното постоење, во зградата на Народниот театар во Битола гостувале афирмирани театри од земјата и странство. Досега Битолскиот театар има изведено над 260 премиерн со над 5.730 престави со вкупно 1.600.000. посетители. Најголемиот успех Театарот го постигна со драмата „Свадбата на Мара” од битолскиот прозаист Владимир Костов, а во режија на Љубиша Георгиевски. Оваа драма доби и вредни признанија од Малите и експериментални сцени од Сараево и од Стериното позорје од Нови Сад. Таа доживеа и еден родок јубилеј: по стоти пат да биде изведена на театарските штици.

Денес, театарот има прекалени артисти, како и една млада и мошне талентирана генерација. Да ги споменеме само имињата на: Петар Стојкоски – Бабец, Методија Mapковски, Љубиша Трајковски, Мара Георгиева, Станко Стоилков, Сребре Гаковски, Илко и Благој Стефановски, Благоја Чоревски и ред други. Артистот Ацо Стефановски, доајен драмската уметност во Македонија, е добитник на наградата „11 октомври”. Значи со овој стручен кадар на битолскиот театар му претстои добра иднина, која може да го вброи и во водечките театри во нашата земја.

Театарот како театар има културно историска вредност, но не и неговата зграда. Ентериерот на Домот на културата, без некои поголеми варијаций е веќе готов и го преставува симбол на перманентниот растеж на Битола низ вековите…

Заводот за заштита на спомениците е формиран пред пет години и се до пред извесно време зградата на театарот не ја заштитуваше. Како факт да го изнесеме и тоа дека основниот урбанистички план за центарот на градот, во кој е и плоштадот „Гоце Делчев”, во кој се наоѓа и Домот на културата и Театарот, донесен во 1968 година, во кој не е предвидена заштита на зградата на Народниот театар. Во истата година Републичкиот завод за заштита на споменици, под своја заштита стави 10 објекти, а меѓу нив не беше и денешната „потковица“ -театарската зграда. И кога сите очекуваа зградата на Народниот театар да се урне, во пет до дванаесет донесена е одлука Театарот да не се урива. Само пред неколку години битолчани со референдум се искажаа за потребата од дом на културата со сите други придружни објекти што треба да ги има. Значи, во иднина треба да очекуваме Театарот да се конзервира и да се реставрира, а Домот на културата да се догради Битола е во дилема: дали да има убав храм на културата или една стара зграда без некоја посебна запазена архитектура, која како културно историска знаменитост ќе најде место во аналите на историјата на културата. Зградата ја вознемирува конструктивната и концепциската убавина на Домот. Прогресот на театарскиот живот во Битола е битен, а не театарската зграда. Домот располага со нови конвенционални и идејни решенија за современ театар. За еден театар постојат две болки…

Текст Љупчо Василевски и голема благодарност до него.

(Снимил: Г. Николовски)