Нашите битолчани од КБК Енерџи, предводени од Александар Димовски Димсата настапија на Европскиот турнир „Трофеј Белград“ кој се одржа 6-8 мај и во 18-те македонски кик бокс клубови со 89 натпреварувачи и 31 тренер се вратија со едно злато, четири сребра и два бронзени медали.
Како што опишува и самиот тренер дека одличјата не толку важни и повеќе е задоволен кога борците ќе се изборат по договореното, а овој викенд сите комплет биле на висината на задачата!!
Да ги поздравиме и луѓето кои ги помогнаа нашите спортисти да бидат дел од овај турнир:
Слаткарница Карамел и пекара Церера
Кафе Портал
Слаткарница Стела
Енерџим фитнес центар