Во рамките на проектот Џез фабрика-Џез за промени, кој е поддржан од Министерство за култура во рамките на повикот „Нов културен бран“, денеска со почеток во 12.00 ч.на алтернативната сцена на НТБ ќе се одвиваат дел од активностите за Битола , додека вториот дел од активностите ќе продолжат во 18.00 во Домот на културата во Демир Хисар.


Проектот има за цел да ја отвори темата за нови културни политики и да ја реафирмира идејата за реосмислување и давање на додадена функција на постоечките сценски простори, преку џез културата како иницијатор и носител на промени.

Овој мал проект има за цел да ги раздвижи постојните иницијативи и потенцијали за независната културна сцена. Предвидува , анкета и панел дискусија помеѓу целната група, презентации за џез музика, концерт на „Сашо Поповски трио“ букинг , промоција и продукција и осмислување акциони планови за нови функции на постојните сценски простори, преку градење синергичен однос помеѓу државните институции и независната културна сцена .