ДВЕ ЖЕНСКИ НОВОРОДЕНЧИЊА НА ПРВИОТ ДЕН ОД 2020 ВО БОЛНИЦА „ПЛОДНОСТ“

од January 1, 2020 0 коментари

На првиот ден од новата 2020 година, во Болница „Плодност“ се родија две женски бебиња. Во 15.10 часот, на свет дојде ќерката на Александра Стојанова од Кавадарци, а во 18.24 часот ќерката на Фросина Царовска од Кукуречани. Двете бебиња, заедно со нивните мајки се во одлична состојба.
Инаку, во моментов во Болница „Плодност“ има шест новороденчиња, од кои три се дојдени на свет по пат на ин витро постапка. Од нив пак, две се близначиња. На родителите им посакуваме среќни празници со најубавиот подарок кој што можеа да го добијат за време на новогодишните празници.
Плоден старт на новата 2020 година во Болница „Плодност“ и поздрав и до целиот тим.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *