По двата концерти посветени на Тоше Проески, Камерниот Оркестар на Битола приредува уште два концерти овојпат посветени на музичкиот великан Јонче Христовски. Јонче е легендата на македонската народна музика, кој не беше само пејач, туку и композитор и текстописец на многу познати македонски народни песни – Ај засвирете ми чалгии песна тешка како животот; Ој Вардаре Македонски, ти ја красиш Македонија; Еј верни другари, песна запејте мене спомнете. Тоа по што беше препознатлив е неговиот специфичен стил на изведба на песните – ги пееше со посебен жар, емоции и целосно се внесуваше во нив. А за него, неговите колеги и оние коишто го познаваа лично ќе речат дека беше и голем боем.

Земајќи го во предвид неготово дело и културното наследство коешто го остави, како и желбата да се промовира нашето богатство во музичката уметност, Камерниот Оркестар на Битола IWConnect организира два концерти во негова чест – Јонче Христовски Симфонија. Најубавите музички бисери на Јонче ќе бидат испеани од Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски (Суперхикс), Агни Авшар придружени од Камерен Оркестар на Битола IWConnect. Првиот концерт е на 04.04.2023, Центар за Култура, Битола, а вториот е на 05.04.2023, Национална Опера и Балет, Скопје. Почетокот на концертите е од 20.00ч, а влезниците се веќе пуштени во продажба.

Влезниците за концертот во Битола може да се набават од Центар за култура Битола.

Влезниците за концертот во Скопје може се набават онлајн на следниот линк: https://www.bileti.mk/e/joncehristovski

Покрај незаборавно музичко уживање, присутните на концертот може да очекуваат и извонреден сценски настап, кој ќе остане изненадување до самиот концерт. .

За повеќе информации за концертот и Камерниот Оркестар на Битола, посетете ја нивната веб страна и нивните профили на Facebook и Instagram.

https://youtu.be/h8vlobhxriY