Денес и утре на новата пешачка зона покрај река Драгор и влезот во битолската чаршија група битолчани сопственици на локалните дуќани и бизниси за првпат самостојно организираат неколку дневен Драгорски панаѓур.

На ден 09.10.2020 (петок) и 10.10.2020 (сабота) на улица “Булевар 1 ви Мај” од број 181 до 211 со почеток во 11:00 -19:00 часот од Дрвеното мовче до Ленски мост организираме Октомвриски Драгорски панаѓур пред нашите дуќани со цел да започнеме традиција со дружба и забава за разубавување на Битолската чаршија.

По тој повод Ве повикуваме сите заедно да бидеме дел од овај настан, да ја оплемениме нашата чаршија како што и доликува и да породолжиме со традицијата која ќе биде главно обележје на нашата Битола. Организацијата на панаѓурот ќе биде според сите протоколи за безбедност поради COVID-19.
Со почит.

“Нашата битолска чаршија во ново руво, тука растев и сеуште ќе растам, те сакам, ти си душата на нашиот град, да те чуваме и негуваме. ДА НИ ОСТАНЕ ВО ТРАДИЦИЈА ОВАЈ ПАНАЃУР…” е нивната порака, а на нас сите е да ги посетиме и да им дадеме поддршка во реализацијата на оваа идеја.

Браво за нив. 👏👏👏