УШТЕ ЕДЕН СВЕТСКИ УСПЕХ НА НАШИОТ ПЕРСОНАЛ: Д-Р МАРГАРИТА КАМБОВСКА, ПРЕДАВАЧ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПОРТУГАЛИЈА
Стручноста и научното образование кое докторите во Болница „Плодност“ го применуваат и на своите пациенти, е препознатлива и призната насекаде во светот. Доказ за тоа се поканите од организаторите на врвни светски конгреси и научни собири, упатени до стручниот тим на болницата.
Од 11 до 14 јуни, во градот Капарика во Португалија, се одржа 3-тата Интернационална конференција на тема „Ултразвучно-базирани апликации: Од анализа до синтеза“.
На оваа конференција, на која присуствуваа голем број учесници од целиот свет, предавачи беа врвни светски имиња од областа на медицината, науката и технологијата.
На покана на организаторите на конференцијата, свое предавање одржа и битолчанката д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар во Болница „Плодност“, на тема: „Микциона уросонографија со второгенерациски контраст (Sonovue) за дијагноза на везикоуретерален рефлукс: прва пилот студија“.
Оваа тема наиде на одличен прием од страна на учесниците на конференцијата, особено затоа што е базирана на практичната работа на д-р Камбовска.
Ова е уште еден во низата успеси на докторите од Болница „Плодност“, како доказ на светски признати специјалисти, кои своите искуства ги презентираат пред претставници од целиот свет.