Со заедничка акција на Златно Перо, WSS Effect – Банка за храна МК и TINEX маркети денеска беа донирани 100 пакети храна за социјално загрозени семејства во Битола.

Во оваа вонредна состојба на ширење на корона вирусот не треба да заборавиме да им пружиме помош на оние на кои им е најпотребна.

Доколку и вие сакате да се приклучите кон оваа хуманитарна акција можете да донирате преку www.e-tinex.mk

Додека ја правите вашата нарачка, направете донација преку купување на ХУМАНИТАРНИОТ ПАКЕТ во вредност од 198 денари со клик на следниот линк https://bit.ly/banka_za_hrana

Сите купени хуманитарни пакети ќе бидат донирани на непрофитната, хуманитарна организација „ БАНКА ЗА ХРАНА МАКЕДОНИЈА” која се грижи за сиромашните и социјално загрозените категории на граѓани.