


Состојки:
300 гр мелено јунешко месо
200 гр мелено свинско месо
1/2 лажица сол
1/3 лажичка црн пипер
1 јајце
2 лажици презла
1/3 лажичка сода бикарбона
2 лажици масло
1/2 кромид
2 чешниња лук
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во поголем сад за да добиете хомогена смеса. Оставете во фрижидер 1 час.
Потоа, формирајте ќебапи со намрсени дланки.
Додадете малку масло на тавата каде ќе ги печете или на скарата и рамномерно печете на сите страни.
Додека ги печете ќебапите, испечете го и лепчето на кое му треба околу половина час за да се испече. Комбинирајте со кромид и со буковска пипер, а ако сакате да си направите и макало од лук, рецептот ќе го најдете ТУКА.
—