Белешките што нашите војници ги носат од Исток, честопати имаат доза на искреност. Благодарение на нивните непристрасни очи, земјите до сега малку познати ни се појавуваат во нивната вистинска светлост. Битката на Дарданелите, онаа на Солун, веќе ни донесе неколку тома и албуми до зачинета оригиналност.
Од многу богата кутија на еден млад уметник, Жан Пан, кој беше дел од армијата на Истокот, направивме избор на убави бакрописи кои, мислиме дека ќе дадат нова идеја за животот што го водиме во долината на Монастир.
Монастир се наоѓа на раскрсницата на две котлини, едната заминува во Албанија, а другата поважна што доаѓа од рамнината на Вардар и се искачува до Прилеп и кањонот на Бабуна. Ова е, од една страна, име на долината на Црна, од друга страна на долината на Монастир.
Неколку километри пред пристигнувањето во Монастир и од левата страна на долината е селото Буково со куќи од кал и тули; ова село, доста важно за регионот, за време на војната имаше 3.000 жители; познато е по тоа што ги има најубавите жени во земјата, што го носи на ум кралството на слепите каде што се еднооќите кралеви (еден просечен изглед е извонреден меѓу безвредните луѓе).
Обичаите на жителите многу ги изненадуваат странците. Употребата на креветите е непозната, домородците спијат на душеци поставени на подот, целото семејство спие хаотично на глинената земја, без воздух и без светлина, прозорците скоро секогаш се вистински дупки во ѕидовите од кал, дебели и до пет метри. Никогаш не се соблекувале, и лето и зима, и мажите и жените носат многу слоевита облека. Тие одат боси или на дрвени налани придржени со каиш, главата покриена со парче бела крпа за жените, со астрахан или волнена капа за мажите. Сите тие носат долга, лабава кошула со разнобојни везови од волна што им паѓаат до глуждовите и над неа, прилично долго палто, во многу густа црна или бела волна, со појас направен од црна плетена волна 10 или 12 пати свртен околу половината; така облечени понекогаш во мантил од овча кожа за да го комплетираат костимот, тие му се спротивставуваат на големиот студ на зимата и на пеколните жештини во лето кои варираат помеѓу 50 и 70 степени (Жан Пан не уверува дека тие на 13-ти јули забележале 78* степени на сонце и на огромна површина на песок).
Гледаме само полиња со пченка; многу малку со пченица, освен околу селото Орехово. Со прекумерната топлина што се појавува во април, ништо не може да опстане. Турците, кои ги заземаат главните водни точки, успеваат да созреат вкусни дињи и лубеници. Покрај пченката, откриваме пипер и бел грав кои ја формираат основата на храната. Како добиток има претежно овци. Воловите се многу мали и се минијатурна реплика биволите, со одвратен изглед. Нивната кожа, која личи на кожата на слонот, секогаш е покриена со слој од кал. Во селата на планините, наоѓаат стада свињи, кои, во реалноста, се скоро скротени диви свињи. Инструментите за земјоделие се од најпримитивните, плуговите се грубо изработени од парче дрво изострено до точка.
Превод од француски јазик Марија Јовановска
Голема благодарност до Благојче Андонов
Автор Jacques Peyrot за MAGAZINE de l’ACTIVITE et de l’ENERGIE NATIONALES
15e ANNEE N° 162. 15 MAI 1919
*степените се најверојатно според Fahrenheit, што според Целзиус се 25 степени.