Паркети се наша битолска рок, панк група од Битола кои на музичката сцена се уште од 1991 година кога Сашо Паркет, Славе и Себастијан уште во тогашна Југославија се одлучуваат да бидат рамо до рамо со Шарло Акробата и Пекингшка патка од тогашните андерграунд бендови. И до ден денес познати се по својата оригиналност во нивните настапи во живо, изгледот и смислата за хумор.

За многу песни сме се труделе и мачеле демек за славни да станиме ова она… Али за оваа песна се само си дојде, само со љубов другарство и без пари. Онака за наш ќеф, уживавме од почеток до крај. Е сеа ако им напрај и на некои вас ќеф овај далматински рокенрол евергрин уште поубо…Позз паркетски напиша Сашо на неговиот официјален профил