Битолчаните Маријан и Елена Талевски веќе неколку години се наоѓаат и работат на островот кој не спие буквално 24 часа, 7 дена во неделата и така е сѐ до месец октомври.

Остров наменет за љубителите на забавата, убавите песочни плажи, тиркизната боја на морето, најпосакувана дестинација за луѓето од целиот свет. Лоциран на Кикладскиот Архипелаг на оддалеченост од 650 км. и 2,5 сати по воден пат од Атина .

Место каде уживаат туристи од целиот свет, познати ликови, џет сетери и авантуристи кои се дел од летната авантура на Миконос. Таму веќе неколку години по ред се нашите битолчани Марјан и Елена Талевски кои редовно не запознаваат со него. Оваа година цената на лежалките на комерцијални места се од 80 до 150 еур дневно од пар.

Буквално се наплаќа сѐ освен воздухот и е една врста на натпревар кој има подлабок џеб и убави женски околу него. Тука постојано се присутни семејствата на светски најпознатите олигарси.

Нашата работа е од областа на Консиерџ системот комуникација со луѓе, услуги и сместување во хотелот Миконос Дове, каде цената за едно ноќевање е 9000 еур само со вклучен доручек и веќе е се резервирано до месец октомври.

Во приватните вили е двојно поскапо ама добивате сопствен
готвач, бармен, Ди Џеј, служба за обезбедување и хеликоптеско надгледување над вилата 24/7.

Најголема плата земаат готвачите и суши мајсторите за морска и специфична храна која изнесува од 3000 до 5000 еур месечно.

Едно мени со цени од на плажа

Бакшишот е секако голем во некои случаи е поголем и од самата сметка. Исто така многу се платени батлерите кои се задолжени за служење и отворање на скапи пијалоци

Просечен работник на елитна плажа можи да заработи од 8000 до 12000 еур од сезона и се работи 6 месеци по 10 работни саати секој ден.

Дрес код системот е вклучен секаде од плажи до клубови и секаде претежно работат женски хостеси кои прават селекција на луѓе, додека резервацијата е со ваучер од минимум 1000 еур.

Дискотеките се во полн ек и започнуваат од 02.00 ч. па се го попладневните часови.

Тука се присутни најпрестижните и светски познати брендови со свои претставништва и продавници.

Поразлично од некои места кои ги имате посетено е јавната продажба и конзумација на марихуана која ја имате на достапни продажни места 24/7 кога и да посакате.

Најдобрите забави се во јули и август кога ќе Ви преставиме како е чувството да се присуствува на една таква забава.

Една сметка на Миконос од обичен ден 200 евра

Дотогаш Ве поздравуваме!

Марјан и Елена Талевски од ❤️ за Битола и битолчани…